Ова е само почеток, се уште не сте виделе ништо- Исламисти се закануваат на виенската полиција – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 11:59 PM

Ова е само почеток, се уште не сте виделе ништо- Исламисти се закануваат на виенската полиција

 

Виена е под опсада по ужасниот терористички напад, извршен на шест различни локации. Полицијата потврди дека две лица се убиени, а се сомнева дека ги има многу повеќе, а има и многу повредени. Терористите пукале на луге кои си седеле во кафулињата, особено на летните тераси.

Еден осомничен е убиен, по други се трага, а за тоа време исламистите упатиле ужасни закани кон виенската полиција на Твитер.

Според најавата на виенската полиција, во која тие наведоа дека полицијата е на улица и дека за сè ќе ги информира граѓаните, се појавија заканувачки коментари.

„Се колнам во Алах, ова е само почеток, сè уште не сте виделе ништо“, напиша човекот чие име на Твитер е Абдилмунтаким ал Ираки.

Тој потоа додаде: “Со воља на Алах, оваа битка нема да заврши во Ирак или Сирија. Подгответе се, борбата само што започна”.

Набргу по заканата, оваа сметка беше повлечена.