Видео: Напад врз синагога во Виена, еден полицаец е во животна опасност – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 10:14 PM

Видео: Напад врз синагога во Виена, еден полицаец е во животна опасност

Вечерва се пукаше во близина на синагогата во центарот на Виена, а медиумите наведуваат дека напаѓачот пукал во полицаец кој ја чувал синагогата и дека неговиот живот бил во опасност. Полицијата ја потврди информацијата, соопштувајќи дека во тек е голема интервенција. Надлежните апелираа до граѓаните да го избегнуваат центарот на градот каде се присутни големи полициски сили и неколку амбулантни возила.

Австриските медиуми пренесуваат дека еден од напаѓачите се разнел со експлозив. Друг напаѓач веќе е уапсен од полицијата, а неколкумина се повредени. Според портпаролот на полицијата, во поширокиот центар на градот се’ уште е во тек голема акција за расчистување на случајот.

https://www.youtube.com/watch?v=DEGaxBuhpU8&feature=emb_logo&fbclid=IwAR09HTY-iRDaVn0X924CcpZsO_Z_007_e5kc6IoslnXdmb1KRdbukYjldzY

https://twitter.com/moljac_slavko/status/1323373497259872258

Фото: EPA

 

Извор:  rtv.rs/sr