Ефективна, транспарентна и ефикасна распределба на приходите од игри на среќа и забавни игри кон организациите на лица со попреченост од страна на државата, како и еднаков пристап и можности за сите, бараат здруженијата на лица со попреченост.
Извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Александар Кржаловски смета дека е возможно таа бројка до 2020 година да достигне 20 до 30 милиони евра.
Претседателот на Полио Плус, Звонко Шаврески пак, смета дека државата никогаш не била транспарентна по тоа прашање, и тоа е повод за раздор меѓу самите организации.
„Кај властите, сеедно која влада, никогаш не постоела волја да ги споделат информациите колку точно приходи се добива од игрите на среќа, како што се лотарии, грепки, данокот од обложувалници… Нашите информации говорат дека се работи за над милијарда денари. Така, законски предвидените 50 отсто кои треба да бидат наменети за граѓанските организации, никогаш не е достигнат, и тоа не е само во Македонија, туку и во многу други држави. Официјално, тоа кај нас се сведе на 6 до 7,5 отсто“, изјави тој на денешната дискусија „Игра на среќа врз несреќните“ што на оваа тема ја организира Здружението Полио Плус, во рамки на проектот „Маргина Обскура“, поддржан од ЕУ, присуствуваа претставници на повеќе такви организации од земјава и регионот, како и претставници од македонската Влада и од пратеничката група формирана заради поддршка на лицата со хендикеп.