Три милиони денари од Град Скопје за настраданите од земјотресот во Измир – ММС
ММС

Објавено на: 11/2/20 2:10 PM

Три милиони денари од Град Скопје за настраданите од земјотресот во Измир

Советот на Град Скопје на денешната 9-та вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Измир. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од три милиони денари, износ што го доделуваат на сите градови за вакви и слични неприлики.

Градоначалникот Шилегов на седницата истакнал дека Скопје знае што значи солидарноста во време на природни катастрофи и затоа потребата да се помогне на нашите пријатели во неволја е нужна и неминовна.

Тој, до градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, упати длабоко сочувство за настраданите и му посака брзо санирање на штетите и враќање на животот во нормала.

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што се случи во петокот во егејскиот регион се искачи на 81

МИА