Британскиот премиер Борис Џонсон повторно воведува карантин во Англија откако во земјата беа потврдени повеќе од милион луѓе заразени со вирусот, а вториот бран на пандемијата се заканува да го блокира здравствениот систем.
Велика Британија, која има најголем официјален број на жртви во Европа од Ковид 19, се бори со повеќе од 20.000 нови инфекции секој ден, а научниците предупредуваат дека повеќе од 80.000 луѓе би можеле да умрат во најлош случај.
Џонсон изјави дека едномесечниот карантин во Англија ќе стапи на сила во четврток и ќе трае до 2 декември, пренесува Ројтерс. На луѓето ќе им биде дозволено да го напуштаат домот само за во училиште, одење на работа, вежбање, купување потребни намирници и лекови и грижа за ранливите категории.
„Време е да се направи нешто затоа што нема алтернатива“, рече Џонсон. Слични мерки воведоа Франција и Германија Владата повторно ќе ја активира шемата за субвенционирање на платите за да можат привремено отпуштените работници да добиваат 80 проценти од платите. Основните продавници, училиштата и универзитетите ќе останат отворени, рече тој.
Пабовите и рестораните ќе бидат затворени, освен за достава. Сите несуштински продавници се затвораат.
Првиот национален карантин траеше од 23 март до 4 јули. Самиот Џонсон се разболе и беше во болница на почетокот на април. Слични мерки воведоа Франција и Германија. Обединетото Кралство досега пријави 46.555 смртни случаи од Ковид 19, ако се дефинираат како лица кои починале во рок од 28 дена по позитивниот тест. Пошироката дефиниција вклучува 58.925 смртни случаи наведени во потврдата за смрт како Ковид 19. Тие се петти во светот, по САД, Бразил, Индија и Мексико, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.
Преземено од: http://balkans.aljazeera.net/


