Кумановскиот градоначалник Димитриевски го врати орденот и напиша протестно писмо до Каракачанов – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/20 2:52 PM

Кумановскиот градоначалник Димитриевски го врати орденот и напиша протестно писмо до Каракачанов

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски го вратил орденот кој го добил од министерот за одбрана од Р. Бугарија, Красимир Каракачанов заедно со протестно писмо во кое наведува дека гестот се должи на изјавите на Каракачанов во кои се негира, македонскиот народ, државност и јазик.

Димитриевски, како што напиша на фејсбук-страницата покрај орденот и писмото на бугарскиот министер му подари, како што вели скромен подарок,-книга „The Soul of Macedonia” од авторот Наце Попов во која, вели сликовито е прикажана и објаснета духовната убавина на нашата држава и народ.

Димитриевски, претходно најави дека ќе го врати орденот којшто Каракачанов му го доделил по повод 100- годишнината од Првата Светска Војна на одбележување на битката кај Страцин.

Во писмото, Димитриевски го повикува Каракачанов да ги почитува проевропските вредности и кон бугарскиот и кон македонскиот народ, кој се стреми да биде дел од ЕУ-семејството

– Се надевам дека истото ќе даде придонесе за поголемо заемно вреднување и почитување, а воедно и осознавање, напиша Димитриевски.