И Велика Британија се затвора – ММС
ММС

Објавено на: 10/31/20 7:44 AM

И Велика Британија се затвора

Британскиот премиер Борис Џонсон го најави националното затворање од следната недела, по консултација со експерти, а поради забрзаното ширење на коронавирусот, побрзо отколку во најлошото предвидување. Информациите протекоа од кабинетот, што сугерира целосно затворање следната недела.

Засега не е јасно во каква форма ќе стапат на сила новите мерки и колку ќе траат.

Експерти стравуваат од екстремни мерки, кои веќе би биле задоцнети, и ја повикуваат Владата да воведе барем мерки слични на оние во Франција.

Постојат длабоки поделби во Владата околу овој проблем.

И Белгија најави дека се враќа во нацеионален карантин што треба да трае до средината на декември.