Лидија Димова повеќе не е на чело на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност. Ова следува по одлука на Управниот одбор на Агенцијата, откако Јавното обвинителство против Димова и уште неколку лица отвори истрага по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција.
Сега по нејзиното заминување, петмината членови на УО треба да најдат нејзин наследник, односно в.д директор на Агенцијата.