И поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е позитивен на корона. Тој за ова информираше на социјалната мрежа Фејсбук каде објави дека тестот го направил изминативе денови, а резултатот го добил денеска. Тврди дека бил претпазлив, но сепак не успеал да се одбрани од вирусот кој како што оценува, знае да биде непредвидлив и чуден.
Во овој момент се чувствувам добро, немам посериозни здравствени проблеми и се лекувам во домашни услови. Апелирам до сите вас да водите грижа за своето здравје и да се придржувате до препораките за заштита на здравјето. Уверен сум дека и овој предизвик ќе го победиме со внимание, грижа и позитивна мисла. Чувајте се и бидете во добро здравје – порачува Чулев.