Енергијата во второто полувреме ни ја донесе победата против Макаби, изјави Игор Кокошков – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/20 7:23 PM

Енергијата во второто полувреме ни ја донесе победата против Макаби, изјави Игор Кокошков

До пред неколку години, со полната сила и Жељко Обрадовиќ на клупата на Турците, победа на Фенербахче во овој дел од сезоната против било кој противник и на било кој терен, воопшто не требаше да претставува изненадување. Сега, новиот и подмладен Фенербахче на чело со другиот Србин со НБА искуство, потешко од вообичаено победува, но на добар пат е повторно да се врати на старите патеки.

Во рамките на шестото коло во Евролигата, турскиот претставник Фенербахче го изненади израелскиот шампион Макаби Тел Авив на гостински терен победувајќи го со 65:75. Освојувачот на Европското првенство во репрезентацијата на Словенија, не го криеше задоволството од големата победа, велејќи дека енергијата во вториот дел и држењето до гејмпланот биле круцијални за поразувањето на домаќинот.

-Како што зборувавме пред мечот, знаевме дека ова ќе биде тежок предизвик за нас. Макаби е претерано талентирана екипа. Не знаеш од кого да се одбраниш, Вилбекин, Дорси, Жижиќ. Гејмпланот ни беше добар, се држевме до него. Но поважна беше енергијата која ја имавме во вториот дел од натпреварот. Неколку пати изигравме одлична одбрана и го презедовме моментумот, изјави Кокошков.

Турскиот тим со оваа победа се искачи на седмата позиција на табелата со три победи од шест изиграни дуели.