Кристијано Роналдо негативен на Ковид-19, се враќа наскоро на терените – ММС
ММС

Објавено на: 10/30/20 6:25 PM

Кристијано Роналдо негативен на Ковид-19, се враќа наскоро на терените

Фудбалскиот клуб Јувентус објави дека нивниот портуалски ас е негативен на Ковид-19, по извршените последните тестови.

Кристијано Роналдо беше последниот играч во Јувентус заразен со коронавирус и поради вирусот пропушти неколку мечеви во Сериа А и Лигата на Шампионите, вклучувајќи го и оној против Барселона во средата против Лео Меси.

Роналдо повеќе не е во карантин и од утре ќе се приклучи на екипата на заедничките тренинзи. После интернационалната пауза, Роналдо ќе биде целосно фит и ќе се врати назад на фудбалските терени.