Францускиот институт во Скопје во соработка со Правниот факултет во Битола, АЛДА Скопје и Програмата за мир на регионот Нормандија денеска организира еднодневна онлајн научна конференција на тема „Фронтот во Првата светска војна: Историја, сеќавање и книжевност”.
Главните тематики, информираат организаторите, ќе бидат последиците од Првата светска војна врз општествата во Франција, Германија и на Балканот, процесот на помирување и воспоставување мир во 20-те години на минатиот век и присутноста на оваа војна во книжевноста.
Во вториот дел од конференцијата, како што најавуваат организаторите, ќе има излагања на тема „Помирување во современ контекст”.
Во рамки на настанот ќе биде презентирана и изложба на фотографии насловена „Фронтот во Првата светска војна во минатото и денес” од Александар Стојчев, директор на Воениот музеј и Емануел Рембер, советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје, којшто воедно ќе биде и модератор на научната конференција.
MИА