Шкотски пар ќе прави свадба во Мекдоналдс, откако закажаната прослава ја откажале поради пандемијата – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 11:55 PM

Шкотски пар ќе прави свадба во Мекдоналдс, откако закажаната прослава ја откажале поради пандемијата

Мелиса Расел и Шенон Мекена од Шкотска морале да ја откажат големата свадба која ја имале закажано за оваа пролет, поради коронавирусот. Сепак,  не можеле долго да чекаат бидејќи таткото на Мелиса е тешко болен, а тие не сакаат тој да го пропушти таквиот посебен ден. Така, на памет им паднала една оригинална идеја – ќе организираат забава во ресторанот за брза храна Мекдоналдс.

Тие две заедно со малиот број гости ќе уживаат во сендвич, пржени компирчиња и сладолед.

„Многу сме благодарни што персоналот на Мекдоналдс ни овозможи мала прослава во еден од нивните ресторани. Свадбата нема да изгледа така како што имавме замислено, но сигурно ќе ја паметиме. Работев во Мекдоналдс, а во тие шест години стекнав многу вистински пријатели и убави спомени“, изјавила Мелиса додавајќи дека не може да дочека да стане госпоѓа Мекена.

„Се радувавме за овој ден и долго го планиравме, но на крај сето тоа пропадна поради коронавирусот. Сепак, драго ни е што ќе имаме прослава и што таткото на Мелиса ќе биде присутен“, додала Шенон.

Менаџерката на ресторанот Кејт изјавила дека на целиот тим му е драго што им помогнале на девојките и им овозможиле сепак да имаат посебен ден.

 

Извор:  vecernji.hr