Бројни поп-ѕвезди кои имаа многу успешна кариера во последниве години, започнаа соработка со млади автори, како што се сараевското дуо Џала Брат и Буба Корелија, и тоа им обезбеди огромна популарност. Сепак, забележливо е дека некои големи имиња ја прекинаа соработката со босанските рапери, но никој не зборуваше за тоа јавно. Станува збор за Дара Бубамара, Маја Беровиќ и словенечката пејачка Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах. Како што дознава Курир, деловниот раскин на овие три пејачи со Џала и Буба следел поради притисокот тие да станат дел од естрадната мафијата!
Имено, јавна тајна е дека двајцата преку својата продукција переле огромни суми пари, чие потекло не е познато, а се сомнева дека зад тоа стои криминалното миље. Наводно, според информации на курир.мк, Џала и Буба побарале од Дара, Сенида и Маја да ги застапуваат луѓе кои се претставуваат како продуценти и менаџери и да им ги организираат настапите низ цела Европа. Според информациите врвот на таа мафијашка банда бил во Црна Гора. Имајќи предвид дека оваа приказна е позната на сцената, дека многу пејачи знаат со кого соработуваат Џала и Буба и кој стои зад нив, па затоа овие три пејачки сватиле за што станува збор и го одбиле нивниот предлог. Поради тоа, двајцата решиле да не соработуваат повеќе со нив, односно да не пишуваат песни за Маја, Дара и Сенида.
Кога Курир објави дека соработката меѓу Бубамара и сараевското дуо е прекината, таа проговори и рече:
-На сите им е повеќе досадно од таа Џала Буба, баба, не би зборувала многу за нив, тие се ирелевантни – изјавила Дара за медиумите во 2018 година. Сенида, сепак, не се огласуваше, иако медиумите нашироко пишуваа за ненадејниот прекин на соработката и пријателството меѓу неа и двајцата рапери. Само Маја Беровиќ негираше дека повеќе не се во добри односи, но никој од нејзините обожаватели не веруваше во тоа, бидејќи на последниот албум, тие двајца работеа на само три песни, синглови кои беа снимени први. Кога Беровиќ ја раскина соработката со нив, таа го ангажираше музичарот Канерас, кој ги напиша хитовите за албумот „Интиме“.
Курир вчера објави сторија дека мафијата контролира добар дел од сцената инвестирајќи ги парите стекнати од криминал и други нелегални работи во кариерите на музичките ѕвезди.
Според истражувањетона курит.рс, овие криминалци се претставуваат пред јавноста како бизнисмени, менаџери и продуценти, инвестирајќи во нив десетици илјади евра за песни, спотови и организирање концерти, со цел подоцна да земат повеќе од половина од нивната заработка. Како што дознаваме, покрај Џала и Буба, на таа листа се најде и Дарко Лазиќ, како и Стефан Ѓуриќ Раста.
Според приказната на соговорникот на курир.рс за состојбата на сцената, шемата според која работи мафијата изгледа вака:
– Естрада е одличен бизник со кој можат да перат пари бидејќи се знае дека во таа сфера повеќето работи се вршат на црно. Црногорските криминалци даваат одредена сума пари на своите соработници, кои дополнително ги вложуваат во кариерата на музичари, но пред тоа тие избираат кај кого ќе вложат. Најчесто, станува збор за ѕвезди кои паднале во финансиски проблеми, па им се нуди откуп на долг, кој подоцна го враќаат со камата со земање до 50 проценти од заработката.
Таков пример е Дарко Лазиќ, кој должеше 400.000 евра поради коцкањето, па мафијата му ги плати долговите. Исто така, постојат случаи во кои криминалците избираат млади, талентирани и перспективни музичари, како што е случајот со Џала Брат и Буба Корели.
Двајцата со години се обидуваа да се пробијат на музичката сцена, но во тоа успеаја само кога вложија многу пари во маркетинг и квалитетна продукција.
Се разбира тие пари ги добиле од криминалното миље – вели изворот на курир.рс.
Нападот врз црногорската новинарка Оливера Лакиќ, исто така, покажува колку е моќна и влијателна оваа мафијашка група. Непознати напаѓачи пукаа во неа во мај 2018 година во Подгорица и ја раниле во ногата. Иако од почетокот на истрагата се тврдеше дека нарачателите на ова дело се познати, обвинителството не поднесе обвинение против Филип Бежовиќ, кој беше обележан како нарачател, две и пол години подоцна. Оливера Лакиќ е позната како истражувачка новинарка, која во своите текстови открива бројни скандали во нејзината земја, а криминалците постојано и се заканувале, физички ја напаѓале и ги заплашувале членовите на нејзиното семејство. Според нашите информации, лицата кои ја раниле Лакиќ биле на врвот на таканаречената поп-мафија и биле предмет на нејзиното истражување.
– Црногорските криминалци даваат одредена сума пари на соработници. Тие дополнително типуваат на пејачи кои имаат финансиски проблеми или млади таленти. Вложуваат пари во нивните кариери и ги отплаќаат долговите. Своите пари си ги враќаат назад земајќи процент од заработката на пејачот со огромна камата.
Фото: listal.com/onlinerecepti.com.ba/kurir.rs