Има пет жени, сите сестри, и со нив 25 деца: Се откажал од верата, но не и од полигамијата – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 5:33 PM

Има пет жени, сите сестри, и со нив 25 деца: Се откажал од верата, но не и од полигамијата

Поранешниот мормон Бреди Вилијамс има пет сопруги и за сите нив вели дека му се сродни души. Со 25 деца никогаш не им е здодевно. Иако нивниот животен стил за многумина не е нормален, истражувањата покажуваат дека полигамијата во САД можеби е поприфатена отколку што се мисли зашто меѓу 50.000 и 100.000 луѓе живеат на таков начин.

Овој поранешен мормон, кој ја напуштил верата, но ја задржал полигамијата, живее со пет сестри. Сите заедно на имотот со нивните 25 деца. Бреди е официјално венчан само со едната, Паулија, а со останатите е во „духовна унија“. Сите негови сопруги се одгоени така да и’ бидат послушни на „сопругата сестра“. Имаат строг распоред, па така Бреди мора рамномерно да го распоредува времето што го поминува в кревет со секоја сопруга. Обично секој ден напладне се сели кај друга.

Неговите сопруги зборуваат дека меѓу нив нема љубомора и оти се обидуваат децата да ги одгледуваат отворено без да им зборуваат дека полигамијата е единствениот вистински пат, пренесува „24 сата.хр“.