Во Кина е упапсен Кинез откако фрлил многу банкноти од 30. кат и така предизвикал сообраќаен колапс. „Дарежливиот“ Кинез бил под дејство на алкохол кога ги расфрлал парите од облакодерот, а полицијата го видела и привела откако настанал хаос во сообраќајот во тој дел на Чонгкинг. Десетици луѓе излегле од автомобиле и почнале да трчаат по банкнотите.
Полицијата соопшти дека се работи за 29-годишник, кој е задржан поради користење дрога, под истрага е и на лекување.


