Во Турција 110-годишната Хамиде го победи коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 4:14 PM

Во Турција 110-годишната Хамиде го победи коронавирусот

Хамиде Ај, 110-годишна старица од Турција, го победи коронавирусот и беше отпуштена од болницата во градот Сакарја каде што се лекуваше, јавува агенцијата Анадолија (AA).

Оваа Турчинка беше тестирана за присуство на коронавирусот откако нејзиниот син се заразил со вирусот, а резултатот од тестот покажа дека и таа е позитивна.

Потоа е сместена во болница, за по хоспитализацијата успешно да се излекува. Денеска е пуштена дома.

Таа од медицинскиот персонал беше испратена со аплауз, при што особено му се заблагодари на лекарскиот тим кој се грижеше за нејзиното здравје.