Бугарскиот претседател Радев во самоизолација – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 4:16 PM

Бугарскиот претседател Радев во самоизолација

Бугарскиот претседател Румен Радев е во самоизолација поради позитивен тест на коронавирус на неговиот генерален секретар Димитри Стојанов, информира „БТВ“

Претседателот ќе продолжел да ги извршува работните обврски од дома.

Поради позитивен тест на коронавирус, од 25 октомври во изолација е премиерот Бојко Борисов.

Во Бугарија поради големиот раст на новозаболени, на две недели се затворени универзитетите, средните училишта и ноќните клубови.

Во последното деноноќие се регистрирани рекордни 2760 новозаразени.