Денес со авиони на аеродромот Батајница кај Белград пристигнаа првите тенкови од руската донација за Србија. Донацијата треба да изнесува 30 тенкови Т-72МС на Србија. Тенковите Србија ги добива во рамките на воено-техничкиот договор постигнат меѓу претседателите Александар Вучиќ и Владимир Путин.
Како дел од овој договор, Србија покрај овие тенкови од Русија доби и 30 оклопни возила БРДМ-2, од кои некои веќе се пристигнати во Србија.
И тенковите и БРДМ се модернизирани пред да и бидат доставени до Војската на Србија.
Како дел од воено-техничката соработка, Србија набави и авиони МиГ-29, хеликоптери Ми-17 и Ми-35 и системи за проти-воздушна одбрана „панцир“