После подолг период Советот на Општина Тетово не усвои, односно не изгласа предлог одлука за подигнување на кредит, кој ќе биде наменет за Јавното претпријатие градски паркинг Тетово, кое подолг период работи со загуба.
Против оваа предлог одлука гласаа опозиционите советници. Сметаат дека ако едно претпријатие работи со загуба и тоа со голема, нема логика да се одобруваат кредити. Кој ќе ги враќа тие пари, пак граѓаните, мора да се провери каде е проблемот заради големите загуби, вели советникот Ариф Селами од Алијансата за Албанците
-Денеска имавме расправа околу паркинзите, нема смисла да одобриме кредит, ако тие цело време работеле со загуба и ние опозицијата бевме против. Ние цело време прашуваме зошто толкава загуба. Пред пандемијата последните три месеци претпријатието работело со загуб од 248 илјади денари, а по пандемијата за 3 месеци загуби од 3 милиони денари и ова нема смисла со толкава загуба да се земе кредит Тие кажуваа дека извесен период не работиле а секој кој паркирал таму плаќал, рече Ариф Селами Алијанса за Албанците
Претседателот на советот Беким Мемети, образложи дека како многу претпријатија во државата така и ЈП Градски Паркинг Тетово работи со загуби поради пандемијата. Се надева дека на наредната седница пак оваа тока ќе биде предложена, а советниците ќе ја гласаат.
-Значи точката за земање на кредит не помина, поради тоа што немаше доволно информација дека и самиот директор не беше на самото место да го брани предлогот. Сите претпријатија се соочуваат со вакви проблеми, изјави Беким Мемети претседател на совет на Општина Тетово
Тој додаде дека, побарале помош од државата за ублажување на лошата финансиска состојба на јавните претпријатија, но досега немаат добиено никаков одговор.
Зоран Димовски