Од старт на пандемијата па сѐ до сега, како основни симптоми на ковид 19 ги знаеме покачената температура, долгорочна кашлица и губењето на сетилата за вкус и мирис.
Но сега научниците веруваат дека има уште еден симптом кој може да се поврзе со вирусот, наречен е „корона прсти“.
Истражувања на Американската aкадемија за дерматологија откриле дека некои од пациентите заболени од корона страдале од отоци на прстите слични на оние кои се појавуваат поради слаба циркулација на крвта.
Според тимот научници, оваа состојба се развива во период од една до четири недели по инфицирањето и може да резултира со значително отечени и помодрени прсти на нозете.
Во повеќето случаи, овој синдром исчезнува сам по себе и трае во просек 15 дена, но кај некои пациенти отокот на прстите се задржал и до два месеци.
Се покажало дека скоро половина од пациентите во регистарот на научниците страдале од отечени прсти, а 16% проценти од нив токму поради таа причина биле хоспитализирани.
Ова е прв случај во кој научниците откриваат дека инфекцијата од вирусот може да се манифестира преку кожата. Ова само открива низа други прашања во однос на тоа на кој сѐ начин може да се манифестира вирусот.
Според научниците, откривањето на овој нов симптом е само почеток на сите нови работи што допрва ќе се откриваат за симптомите на корона вирусот.
Извор: The Independent
Фото: Getty Images/iStockphoto, Journal of the American Academy of Dermatology PA/WireJournal of the American Academy of Dermatology PA/Wire