Фотографија на денот: Европратеник стапи во штрајк со глад – ММС
ММС

Објавено на: 10/29/20 9:20 AM

Фотографија на денот: Европратеник стапи во штрајк со глад

Францускиот европратеник Пјер Ларутуру стапи во штрајк со глад со цел да мобилизира повеќе финансиски средства за заштита на климата, здравството и социјалата.

Тој со штрајкот сака да изврши притисок врз германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. Ларутуру бара данок на финансиски трансакции. „Непристојно е да се слуша дека нема пари за здравство, за клима, за вработување, а на финансиските пазари не им одело никогаш подобро“, напиша Ларутуру на Фејсбук и Твитер. „Време е да платат оние кои никогаш не платиле“, бара францускиот европратеник. На нашата #ФотографијаНаДенот Пјер Ларутуру носи маска со порака: „Здравје-Клима-Работа – прво решение е 50 милијарди евра ФТТ (данок на финансиски трансакции)“.