Секој барем еднаш, некаде на некој предмет или производ, има забележано многу чест натпис од пред неколку децении, „Made in Yugoslavia“.
Иако овој натпис, се уште може да се сретне во просториите на поранешните републики на некогашната заедничка држава, малку кој би очекувал дека остатоци од тие времиња се уште постојат и тоа во далечните Обединети Арапски Емирати.
Една фотографија, која во последните неколку дена кружи на социјалните мрежи, го прикажува токму тоа.
На неа е прикажан капак од шахта, забележан на улиците во Абу Даби, на кој како произведувач е нагласено името на Југославија.
превземено од:Кајгана