Филипински полицаец бил убиен од петел за време на рација на нелегална борба со петли во филипинската провинција Самар.
Полицаецот Кристијан Болок бил прободен од остар предмет – челично сечило што вообичаено било прицврстено на ногата на петлите при овие борби. Сечилото му пресекло клучна артерија во пределот на левиот бут. Тој бил итно пренесен во болница, но таму била констатирана смрт.
На Филипините борбите на петли сега забранети со цел да се спречи групирање на луѓе за време на пандемијата. Претходно, тоа беше дозволено на лиценцирани места и тоа само во недела и на празници, пренесува ББ.
Началникот на покраинската полиција Арнел Апуд за АФП изјавил дека инцидентот бил несреќен случај, нарекувајќи го бизарен настан каде работите тргнале во погрешна насока и е тешко да се објаснат.
„Не можев да верувам кога првично ми јавија. Ова е првпат во моите 25 години работа како полицаец да загубам човек прободен од петел“, изјавил началникот на покраинскта полиција.