Грчките власти го уапсија капетанот на товарниот брод, кој пловел под португалско знаме, под сомнение дека од невнимание го предизикал сударот со воениот брод на грчката морнарица, кој е уништен, пишува „Та неа“, а пренесува РТС.
Миноловецот „Калисто“, направен од фиберглас, при сударот во близина на пристаниптето Пиреа се распаднал на два дела, а во него се повредени и двајца членови на посадата.
Припадници на крајбрежната стража спречиле воениот брод на потоне, но потоа претстваници на грчката Воена морнарица соопштија дека е невозможно „Калисто“ да се поправи.