Доџерси шампиони после 32 години – ММС
ММС

Објавено на: 10/28/20 2:13 PM

Доџерси шампиони после 32 години

Ова е годината на градот Лос Анџелес! По убедливата сезона и освојувањето на 17-тата НБА титула на Лејкерси, бејзбол гордоста на градот се искачи на тронот во САД.

Екипата од „градот на ангелите“ за првпат после 32 години стана шампион, вкупно по седми пат се најде нивното име во историјата на МЛБ.

Доџерси во финалето го совладаа Тампа Беј со 4:2 во серијата, а во последниот меч за окончување на трофејот резултатот беше 3:1. И покрај ковид-мерките, улиците на Лос Анџелес вчера беа исполнети со навивачите на ЛА Доџерс, па победничката и славеничка атмосфера го поттикна освојувачот на НБА, Леброн Џејмс, да помисли на заедничка прослава во градот и обединување на двете важни спортски достигнувања.

-Човеку, дали би можеле да имаме парада? Знам, знам дека не можеме, ама баш би сакал да прославам со навивачите на Лејкерси и Доџерси. Лос Анџелес е град на шампиони, напиша Леброн на својот „Твитер“ профил.