Реал Мадрид и во вториот меч во овогодинешната кампања во Лигата на Шампионите не успеа да забележи победа, но ако барем постои нешто позитивно тоа е камбекот против Борусија Менхенгладбах на гостински терен.
Мадриѓаните по победата над Барселона во „Ел Класико“, повторно беа непрепознатливи и безидејни, а таквите околности на теренот внесоа нервоза помеѓу самите играчи на кралскиот клуб. Веќе и легендата на Реал Мадрид, Карим Бензема, беше „фатен“ од камерите на тунелот на „Борусија Парк“, како го советува и му сугерира на соиграчот Ферлан Менди, да не го проигрува напаѓачот во продолжението, бидејќи според него Винициус Јуниор играл толку лошо како да настапувал за противничкиот тим.
-Брате, не му додавај нему, жими се тој игра против нас, рече Карим Бензема.
Karim Benzema tells Ferland Mendy not to pass to Vinicius Jr at half-time during last night’s game between Gladbach & Real Madrid: “Brother don’t play to him. On my mother’s life. He is playing against us.” pic.twitter.com/zmpciQRgAV
— Get French Football News (@GFFN) October 28, 2020