Навивачите на еден од најголемите екс-ју клубови, Хајдук Сплит, приредија вистински спектакл минатата вечер во престолнината на Далмација.
По повод 70 години од формирањето на навивачката група „Торцида“, тие прво на „Пољуд“ со песна и кореографија го започнаа навивачкиот караван, а потоа со факели и пиротехника го преплавија целиот град во црвено.