И портпаролката на СДСМ, Кузеска позитивна на корона – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 9:47 PM

И портпаролката на СДСМ, Кузеска позитивна на корона

По министерот Оливер Спасовски, позитивен тест на коронавиусот, доби и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. За ова таа ја информираше јавноста вечерва преку социјалната мрежа Фејсбук,  посочувајќи дека нема симптоми и добро се чувствува.

„Стестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг. Во овој период секој мора да биде одговорен, апелирам за строго почитување на мерките, не 99, туку 100 % почитување на сите мерки за заштита на здравјето“, истакнува таа.

Чувајте се – порачува Кузевска.