ВИДЕО: Eден Хазард се врати на тренинг и веднаш се „повреди“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 6:23 PM

ВИДЕО: Eден Хазард се врати на тренинг и веднаш се „повреди“

Сонот на поранешнот фудбалер на Челзи, Еден Хазард, да го облече белиот дрес и да заигра за Реал Мадрид се претвори во реалност минатото лето. Но, лоша реалност и за двете страни. Откако потпиша за Реал Мадрид, Белгиецот најголемиот дел од времето го помина надвор од терените поради различни повреди.

Mинатата сезона за кралскиот клуб се појави само на 16 мечеви во Примера и постигна еден единствен погодок. Стартот на оваа сезона не беше воопшто сјаен за некогашниот шампион во француското првенство со Лил. Иако сите мислеа дека летната пауза Хазард ќе ја искористи совршено да се врати во формата од Челзи и да влезе целосно подготвен во 2020/2021, тој во тренинг кампот на Зидан се врати со прекумерна тежина. И погодете што? Повторно се повреди.

На списокот за дуелот против Менхенгладбах во второто коло од Лигата на Шампионите, вчера се најде и Еден Хазард. Тој регуларно тренираше со соиграчите во пресрет на натпреварот со Германците и се очекува да зачекори на терен за првпат оваа сезона. Тренирајќи, Хазард уште еднаш се повреди, или симулираше повреда. Или се шегуваше со самиот себеси. Во секој случај, ги засмеа колегите и оние кои го забележаа тој момент.