Каде е сопругата на Ким? -Не е видена во јавноста девет месеци има три можни теории за нејзината судбина – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 2:33 PM

Каде е сопругата на Ким? -Не е видена во јавноста девет месеци има три можни теории за нејзината судбина

Од јануари оваа година сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не е видена во јавноста. Исчезнувањето на Ри Сол Џи од медиумите и понатаму е тема во медиумите, вклучувајќи ги и шпекулациите дека диктаторот тајно ја има убиено.

„Дејли NK“ не верува дека вистината е толку мрачна и изнесува три најприфатливи теории.

Според една, 30 годишната Ри Сол Џи има здравствен проблем, иако тоа е малку веројатно. Според друга теорија, според поверодостоен извор не е болна првата дама, туку нејзина тетка, која има 74 години, а првата дама ја негува.

Ри Сол Џи за последен пат е видена во јавноста на 21 ви јануари на гала концерт во Пјонгјанг по повод прославата на Лунарната нова година, а Ким Кјунг Хи која пред тоа шест години никаде не се појавуваше, му се придружила на нејзиниот внук и неговата сопруга. Во 2013 година беше објавено дека нејзиниот сопруг Џанаг Сонг Тек е убиен по налог на лидерот поради корупција и шпионажа.


Шпекулациите велат дека Ким Џонг Ун го убил со противтенковско оружје. Потоа наводно развил силни емоции кон неговата тетка и се погрижил за најстарата личност во семејството, ќерката на основачот на Демократската Народна Република Кореја, Ким II Сунга и неговата сестра Ким Џонг Ила, да ја има потребната нега. Поради тоа одредил за неа да се грижи неговата сопруга, сметајќи дека тоа би било најдобар доказ за неговата наклонетост.

Според друга теорија, поранешната пејачка Ри Сол Џи се посветила на образованието на нејзината ќерка, за која се збоува дека се родила во 2013 година. Американскиот кошаркар Денис Родман изјавил дека држел дете во рацете кое се викало Џи Е. Теоретски девојчето оваа година би требало веќе да почне да оди на училиште, но можно е да се образуа и во домашни услови, а нејзината мајка да и помага во тоа и да ја подготвува за улогата ќерка на владетел.

На крајот можно е таа да не сака да се појавува од став од корона вирус, со што би можела да го загрози здравјето на нејзиното дете, кое според непотврдени извори парот има три, а најмалото е родено во 2017 година.

Преземено од: https://www.blic.rs/