Иран му испраќа на Мадуро ракети со голем домет, САД се закануваат – ММС
ММС

Објавено на: 10/27/20 12:12 PM

Иран му испраќа на Мадуро ракети со голем домет, САД се закануваат

САД се закануваат дека ќе ја уништат потенцијалната иранска ракета со долг домет доколку тргне испораката на адреса на режимот на Николас Мадуро во Венецуела.

„Префрлувањето ракети со голем домет од Иран во Венецуела не е прифатливо за САД и тоа нема да се толерира. Ќе ги вложиме сите напори да се сопре испорака на такви ракети и ако некако стигнат до Венецуела, таму ќе ги уништиме“, рече Елиот Абрамс, специјален претставник на Стејт департментот за Иран и за Венецуела.

Никој од американските официјални лица нема изнесено конкретни докази за ваквото тврдење, но постојат сомнежи дека дошло до потпишување таков договор за испорака на ракети помеѓу Иран и Венецуела.

„Иран ја објави својата намера да се занимава со продажба на оружје, а Венецуела е очигелдна мета зашто тие два режима веќе имаат добар однос“, истакна Абрамс.

Минатата недела истече ембаргото на ОН наметнато кон Ирак за купување и продажба на конвенционално вооружување. Трамповата администрација не успеа да го убеди Советот за безбедност на ОН санкциите да продолжат.