Утрово во близина на атинското пристаниште Пиреа, од засега непознати причини, се судриле два брода, едниот на грчката воена морнарица, а другиот, товарен, што пловел под португалско знаме.
Според грчките медиуми, полесно се повредени двајца од 27 членови на екипажот на воениот брод, кој по судирот имал дупка од страната и тонел, а товарното пловило поминало без оштетувања.
Од грчката воена морнарица соопштуваат дека ги преземаат сите неопходни активности, а со помош на реморкер, воениот брод се извлекува од морето.