Традицијата не е загрозена, на домашните слави да присуствува само семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/20 11:59 AM

Традицијата не е загрозена, на домашните слави да присуствува само семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници, преку соопштение упатува aпел до нив празнувањата да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

Ескалирањето на состојбата со коронавирусот, како што се посочува, е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно.

Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје кое би ја предизвикало со повикување на гости, но и секој добронамерен кон семејството кое прославува годинава да се воздржи од физичко присуство. Традицијата не е загрозена таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана!, се наведува во соопштението.