Поради еден асимптоматски случај Кина тестира град со речиси пет милиони жители – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/20 11:04 AM

Поради еден асимптоматски случај Кина тестира град со речиси пет милиони жители

Кина повторно спроведува масовно тестирање за коронавирус откако позитивен случај се појави во кинеската провинција Ксиџијанг.

Првиот случај бил откриен кај жена која работела во фабрика, немала симптоми а вирусот и бил потврден при рутинско тестирање на работа. Околку 4,7 милиони луѓе во градот Кашгар треба да бидат тестирани, а од почетокот на тестирањето во саботата досега се откриени 137 асимптоматски носители на вирусот.

До вчера попладне биле тестирани повеќе од 2,8 милиони луѓе, а останатите треба да бидат тестирани во следните два дена.

Асимптоматските случаи во Кина не влегуваат во официјалната статистика на 85.810 заразени. Кина има регистрирано и 4.636 смртни случаи.

Во Кашгар сега се затворени училиштата и никој нема право да излезе од градот доколку нема негативен тест за коронавирус.