Спасовски: Полицијата ќе интервенира на секоја пријава или допрен глас за кршење на антиковид мерките – ММС
ММС

Објавено на: 10/26/20 10:31 AM

Спасовски: Полицијата ќе интервенира на секоја пријава или допрен глас за кршење на антиковид мерките

Имавме седница на главниот кризен штаб и сè уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но ништо не се исклучува, изјави во „Утрински брифинг”  на „Слободна ТВ”, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Во ниту еден момент нема да правиме да се нарушува неприкосновеното право на домот, но контроли ќе мора да има. Дали со пријави, или по допрен глас, полицијата ќе може да отиде и да интервенира кај сопственикот и да провери дали има нарушувања или не, вели Спасовски.

Говорејќи околу зачестените полициски контролни екипи на градските улици, Спасовски истакна дека МВР продолжува со активностите во делот на сообраќајните прекршоци.

– Контроли се прават на територијата на целата држава. Се таргетираат одредени општини врз основа на претходно изработен план, а се со цел да се намали хаосот што е присутен во сообраќајот. Контролите ќе продолжат и понатаму. Над 14.000 прекршоци се констатирани во овој период. Активностите и во делот на носење на заштитна опрема продолжува. Во просек имаме 1.000 казнети дневно заради не носење на маски, односно лична заштитна опрема, вели Спасовски.

Околу коментарите дека на овој начин се полни буџетот, Спасовски дециден дека буџетот е во добра кондиција и преку казнувањето се решава еден сериозен проблем како што се сообраќајните незгоди.

– Ефектите се видливи. Статистички имаме 7,5 отсто помалку прекршоци. Сите ние мора да разбереме дека заедно може да го спречиме ширењето на КОВИД-19. Тоа не е работа само на институциите. Првата и основна работа е дека секој граѓанин мора се стави во функција на заштита на јавното здравје. Нормално дека мора да се донесат и некои одлуки кои мора да ги спроведеме и да имаме сериозна контрола. Во ниту еден момент нема да правиме да се нарушува неприкосновеното право на домот, но контроли ќе мора да има. Дали со пријави, или по допрен глас, полицијата ќе може да отиде и да интервенира кај сопственикот и да провери дали има нарушувања или не, истакна Спасовски.

 

МИА