Некои сплавови во Белград најдоа начин како да ги избегнат контролите и санкциите поради непочитување на епидемиолошките мерки. До 22 часот работат нормално, потоа го одврзуваат сплавот и пловат по реката, а, додека настапуваат познати пејачи и диџеи, се точат големи количества алкохол на многу луѓе, без маски и дистанца меѓу себе.
Ова за белградски „Курир“ го потврди и Дарко Главаш, градски секретар за вонредни ситуации, кој вели дек инспекцијата утврдила дека има неколку клубови на вода кои, и покрај антикорона-мерките, убјектите ги затвораат наутро околу два.
„Сопствениците на сплавовите имаат дозвола за пловидба, но спорно е што на нив има многу повеќе гости од дозволеното и што работат по 23 часот. Некои сплавови, пак, кои немаат дозвола за пловење, од 23 часот ги гасат светлата и ги заклучуваат вратите, а со журката продолжуваат во задните делови на објектите, свртени кон реката. И на првите и на вторите ќе им застанеме на пат заедно со пловилата на речната полиција – вели Главаш.