Живее една година во барака во Тетово. Покривот прокапува, а на рамките за прозорците има поставено најлон, стаклата одамна се искршени. Ваква е судбината на Славчо Блажевски од Тетово.
Вели дека во време на пандемија не може да ја одржува личната хигиена, затоа што во објектот нема ниту вода ниту струја. Местото е претворено во руина, а има голем проблем со влагата.
Славчо прима терапија за белите дробови, има шеќерна болест и проблеми со срцето. За сите овие дијагнози, нема доволно пари да купи лекови.
На помош му излегуваат неговите соседи, но без реконструкција на бараката, како што велат, нема основни услови за живот, животот на Славчо не може да се врати во нормала.
Бараката е во сопственост на АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Оттаму велат дека моментално се размислува како да се реконструира бараката во која престојува Славчо, со цел тој да добие подостоинствени услови за живот.
З.Д.