Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска свика итна седница на Влада, за да се подготви нова вонредна состојба со цел да се спречи повторното ширење на коронавирусот.
Владата синоќа објави и дека повеќето од шпанските регионални лидери се согласиле за нова вонредна состојба, со која Владата ќе има можност за привремено ограничување на основните слободи како слободата на движење и воведување на полициски час.