Утре ден на жалост во Шутка – Амди Бајрам ќе биде погребан со традиционални обичаи – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/20 10:22 PM

Утре ден на жалост во Шутка – Амди Бајрам ќе биде погребан со традиционални обичаи

Општината Шуто Оризари утрешниот ден  (25.10) ќе го прогласи за ден на жалост во чест на починатиот Амди Бајрам.  ММС дознава и дека утре во 10 часот во општината ќе се одржи комеморативна седница.

Амди Бајрам и покрај препораките на МЗ,  ќе биде погребан утре на гробиштата во Бутел. Како што информираат блиски на семејството погребната поворка ќе тргне од неговата куќа во Бутел во 14 часот.

Неговиот пријател Аднан Мемет на својот Фејсбук профил објави повик до сите, како што вели, „Роми и не-Роми“ за последен пат да го испратат до неговиот вечен дом.

-Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема.  Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го изгуби својот татко, изгуби борец, изгуби патриот! Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!! Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек! Телото на Амди Бајрам ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел! Поворката ќе тргне од 14.00 часот од семејната куќа во општина Бутел, напишпа Мемет .

 

Фото: republika.mk