Неколку први места за демиркаписките кајакари на државното јуниорско првенство во кајак на дива вода-слалом – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/20 6:15 PM

Неколку први места за демиркаписките кајакари на државното јуниорско првенство во кајак на дива вода-слалом

Демиркаписките кајакари освоија неколку први места на државното јуниорско првенство во кајак на дива вода-слалом, кое денеска се реализираше во реката Вардар кај Демир Капија. Организацијата беше на Кајакарската федерација заедно со демиркапискиот кајакарски и кану клуб „Просек”.

– Освоивме прво место во категорија к1 жени, во женска конкуренција ц1 и во тимско возење 3хк1. Екипно го делиме првото место заедно со ККК ,,Вардар” од Велес. Со овие резултати како и тие од пионерското првенство кое минатата недела се одржа во Велес, ,,Просек” е прв во државата во младинска конкуренција –  нагласи за МИА, тренерот Дарко Илиевски.

Тој потсети дека кајакарството во Демир Капија има долга традиција и изрази надеж дека младите и во иднина ќе пројавуваат интерес за овој вид на спорт.