Огнен Вангелов доктор по политички науки од канадскиот Queen’s University во Кингстон, новиот член на македонско бугарската историска комисија вели дека се отворени за соработка за заеднички прифатливи решенија , дека се дебатира, но не смее да се оди против науката и аргументите.
.- Дискусиите се вжештени, се дискутира отворено. Има голем број колеги кои истражуваат и пишуваат согласно научни аргументи кои се и наши постулати, но дел од водечките бугарски членови на комисијата немаат секогаш слух за модерните, но и за веќе класичните научни емпириски и теоретски аргументи за нациите. Македонија не е вештачка нација, настанала како и другите на природен начин и не прифаќаме такви постулати за разговор – вели Вангелов специјалист за нации и национализми кој порано има работнео и во Меѓународната кризна група во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.