Далмација во моето око, Македонија во моето срце: Брачна двојка од Дебар за свој дом го избра Шибеник – ММС
ММС

Објавено на: 10/24/20 7:48 AM

Далмација во моето око, Македонија во моето срце: Брачна двојка од Дебар за свој дом го избра Шибеник

„Далмација во моето око, Македонија во моето срце! Тоа ни’ беше првиот впечаток од пријатниот разговор што го водевме со Оливера и Дејан Вапски, брачна двојка која пред шест години од македонскиот Дебар, гратче на границата со Албанија, се пресели во Шибеник. Штом тргнавме подлабоко во разговорот, сфативме дека овие Македонци веќе му подариле и дел од срцето на Шибеник“. Вака го почнува опширниот текст „Слободна Далмација“ за двајцата далматински Македонци.

Просто импонира начинот на кој Дејан Вапски го води погонот на КНАУФ кај Книн. Во исто време, учителката и ликовна уметнилка Оливера не ги криеше своите емоции кон Шибеник на неодамнешната самостојна изложба во Шибеник.

„Една од нашите две ќерки, гимназијалката Наталија, веќе се одомаќини во Шибеник, а другата, Ангелина, студира стоматологија во Скопје, а потоа ќе ни’ се придружи овде, во Шибеник“, велат Дејан и Оливера…