Околу две илјади луѓе се собраа синоќа на протест на неаполскиот плоштад Санта Луција поради рестриктивните мерки што ги воведе италијанскиот регион Кампанија во борбата против коронавирусот.
Собраните демонстранти извикувале „сакаме слобода“ и ја блокирале регионалната влада, јавуваат италијански медиуми.
Избиле судири со полицијата, на која демонстрантите фрлале топовски удари, а полицајците возвратиле со солзавец.