Парагвајските влсти денес соопштија дека во контејнер што притигнал од Србија се пронајдени седум тела во фаза на распаѓање, јавува „Ројтерс“, а пренесуваат српски медиуми.
Во соопштението се прецизира дека контејнерот со ѓубре тргнал од Србија во јули, а оти е пронајден на брод во пристаништето Асунсион пред неколку дена. Телата се откриени денес кога контејнерот е отворен, соопштија пристанишните власти.
Обвинителот Марсело Салдивар изјави дека се претпоставува оти пронајдените тела биле на слепи патници, бидејќи се пронајдени марокански лични документи кај двајца од настраданите.
„Претпоставуваме дека тие во Србија дошле од својата земја и оти не процениле колку ќе патуваат, додаде тој, иформирајќи и оти била пронајдена храна и вода доволна за само три дена.
Полицијата соопшти дека бил пронајден отвор за воздух во делот на контејнерот во кој се пронајдени телата. Властите на Парагвај веќе контактирале со властите во Србија и во Мароко во обид да го утврдат идентитетот на настраданите.