Чешкиот министер за здравство фотографиран без маска и во ресторан што требало да е затворен, премиерот Бабиш го повика да си поднесе оставка – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/20 1:11 PM

Чешкиот министер за здравство фотографиран без маска и во ресторан што требало да е затворен, премиерот Бабиш го повика да си поднесе оставка

Чешкиот премиер Андреј Бабиш соопшти дека ќе го отповика од функцијата министерот за здравство Роман Примула, доколку тој самиот не си поднесе оставка, откако во медиумите беа објавени фотографии од министерот кој ги крши здравствените протоколи.

Министерот  бил фотографиран како излегува од ресторан во Прага во средата, иако на сила е уредба со која угостителските објекти се затворени поради пандемијата со коронавирус. Освен затворените ресторани, продавници и трговски центри, чешката влада воведе задолжително носење маски насекаде, па дури и во автомобил.

Чешкиот „Блеск“ исто така објави фотографии на кој се гледа дека министерот не носи маска и по  излегувањето од ресторанот и откако влегол во возило со шофер.

 

– Грешката на министерот Примула е непростлива. Во време кога ги молиме луѓето да ги следат правилата и кога нашите здравствени работници се борат на првата линија, вакво однесување е неприфатливо. Му реков да си даде оставка, доколку не даде тогаш јас ќе го отповикам од функцијата“, напиша Бабиш на Твитер.

Министерот Примула се уште не се изјаснил во јавност.