Уставниот суд во Полска речиси целосно го забрани абортусот пресудувајќи дека „прекинувањето на бременоста поради абнормалности на фетусот е неуставно“. Ваквата одлука предизвика револт и протести ширум државата, а полицијата привела 15 лица.
Демонстрантите се собраа пред домот на вицепремиерот Јарослав Качински и бараа оставка од владата, а полицијата за да ја растера толпата употреби солзавец.
Policja użyła gazu pod domem Jarosława Kaczyńskiego. pic.twitter.com/XTwObeNYzq
— Marcin Terlik (@MarcinTerlik) October 22, 2020
Законите за абортус во Полска и онака беа меѓу најстрогите во Европа, а со новите одлуки абортус ќе биде дозволен само во случај на силување, инцест или кога животот на мајката е доведен во опасност.
Teraz, przed siedzibą PiS pic.twitter.com/T6yCr8GyCP
— Barbara Nowacka (@barbaraanowacka) October 22, 2020
Минатата година во Полска имало 1100 легални абортуси а за повеќето од нив било наведено дека фетусот има дефект. На годишно ниво се верува дека околу 100.000 жени абортираат надвор од државата.