Од утре полициски час во Атина и Солун – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/20 9:55 AM

Од утре полициски час во Атина и Солун

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави воведување полициски час од 00:30 до пет часот наутро во регионите кои се најсилно погодени од новиот коронавирус.

Освен полицискиот час кој на сила стапува во сабота, грчките власти воведуваат и носење маски во затворен простор и на отворено.

Во телевизиско обраќање Мицотакис полицискиот час го најави за Атина, Солун, Јанина, Закинтос и неколку други области каде нивото на ризик е означено со три или четири – зголемен мониторинг или висок ризик.

Новите ограничувања како што рече премиерот се да се ограничи движењето, но и собирите на младите за кои рече дека треба да сносат одговорност и да престанат со тајни забави.