Се претера со јазикот – не само што министерот за животна средина јавно не говори македoнски јазик,туку и на официјалниот ФБ профил МЖСПП пишува на албански и англиски јазик – ММС
ММС

Објавено на: 10/23/20 7:34 AM

Се претера со јазикот – не само што министерот за животна средина јавно не говори македoнски јазик,туку и на официјалниот ФБ профил МЖСПП пишува на албански и англиски јазик

Грижата за јазикот почнува од дома. Оваа фраза најдобро ја отсликува јавната коресподенција на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЗЖСПП), кое денеска известува за почеток на нов проект, но само на албански и англиски јазик, без збор на официјалниот јазик на државата која ја претставува – македонскиот јазик.

И не само тоа. Официјалниот профил на ова министерство е само на албански јазик. Сите објави за средби, настани, па и обично известување ретко имаат македонска верзија. Во денешниот случај, МЗЖСПП соопштува дека со Швајцарска амбасада почнува проект за формирање на центар за згрижување на повредени диви животни, жртви на прекугранична трговија и сл, во кој учествува и скопската компанија „Фармахем“. Ако не од почит кон мнозинскиот народ кој го претставува, тогаш ова министерство требало да покаже грам почит кон донаторот. Каде е Агенцијата, која треба да се грижи за зачувување на официјалниот стандарден македонски јазик? Постои ли таква и што прави во меѓувреме, додека институциите што ги водат албански кадри си земаат слобода да ги кршат законите за кои толку силно се трудеа да ги донесат?