Вечерва со почеток во 19 часот во Духовно културниот центар Кирил Пејчиновиќ во склоп на Манастирскиот комплекс во Лешок со духовна музика во изведба на Женскиот хор Менада, ќе се одбележи 175 годишнината од упокојувањето на Кирил Пејчиновиќ.
Маестро доктор Ивица Зориќ, рече дека во текот на манифестацијата ќе се почитуваат сите здравствени протоколи. Дека може да се организираат вакви настани со држење до препораките за кои апелираат властите покажа и манифестацијата ТЕХО, која исто така беспрекорно се одржа во Духовно – културнито центар во склоп на манастирскиот комплекс во Лешок.
Инаку наскоро исто така во манастирскиот комплекс во Лешок ќе се одбележи и 250 годишнината од раѓањето на Кирил Пејчиновиќ, македонски деец кој своевремен управувал со Лешочкиот манастир и многу придонел за негов развој на материјален и духовен план.
Зоран Димовски